-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

УЈП преку соопштение информира дека гастро-барот „Тренд“ е затворен поради неиздавање фискални сметки.

УЈП преку соопштение информира дека гастро-барот „Тренд“ е затворен поради неиздавање фискални сметки.

„Информираме дека поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно констатирано нерегистрирање на готовинскиот промет и издавање сметки од паралелен компјутерски систем кој не е поврзан со ГПРС системот на УЈП, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, и изречена е глоба од 4550 евра за сторен прекршок согласно со Законот за регистрирање на готовинските плаќања“.

Од УЈП велат дека засилениот мониторинг се спроведува низ цела држава, не само на одредени локации, а затворени се и други познати угостителски објекти. Дополнително пред предупредувањата, велат од УЈП, пред два месеци беше најавен засилениот мониторинг на готовинскиот промет и контролите од Управата за јавни приходи.

поврзани објави

Последни објави