30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Пожарникарите бараат помош од граѓаните за гаснење на пожарот во близина на Македонска Каменица


Заради брзината со која се шири, непристапниот терен, близината до населениот дел од градот и недоволниот човечки потенцијал со кој располага ТППЕ во Македонска Каменица, уште еднаш упатуваат апел до своите сограѓани во Македонска Каменица и жители на околните места, да се приклучат кон акцијата за гаснење на пожарот.

Во контакт со одговорно лице од ТППЕ на терен добивме информација дека помош бараат од секаде, од другите територијални единици, полицијата, комунално претпријатие, но помош и од секој граѓанин е повеќе од добро дојдена.
Зборно место: Противпожарна станица во Македонска Каменица или на некој од пунктовите веднаш кај местото на пожарот.

поврзани објави

Последни објави