fbpx
-4.2 C
Skopje

Брнабиќ: Македонија ќе остане воздржана по прашањето за Косово во УНЕСКО

АКТУЕЛНО

Македонија ќе биде воздржана доколку дојде до гласање за членство на Косово во УНЕСКО, изјави денес премиерката на Србија Ана Брнабиќ по разговорот со македонскиот колега Зоран Заев на маргините на неформалниот состанок на премиерте од Западен Балкан во Драч, Албанија.

– Македонија ќе остане на истата линија, односно ќе биде неутрална, рече Брнабиќ и додаде дека Заев ѝ го потврдил тоа што го ветил на самитот на западнобалканските држави во Трст во јули.

Во разговорот било констатирано дека пријателството помеѓу Македонија и Србија е доста важно и дека тоа ќе биде јасен сигнал за силното пријателство и добрите односи.

Премиерката на Србија рекла и дека Заев ќе ја посети Србија во Ноември.

– Денес разговарав со Заев за случувањата во последните неколку дена. Имаме доста добро разбирање околу понатамошните чекори за нашата соработка, јас го поканив и се договоривме да ја посети Србија во ноември, рече Брнабиќ и кажа дека тогаш ќе се договарат за одржување на заедничка седница на владите на двете држави.

Зоран Заев пак изјави дека е ставен крај на дипломатската криза помеѓу Македонија и Србија.

– Разговорот со Александар Вучиќ беше долг, но дебатата по ова прашање беше завршена во само неколку реченици, рече Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -