7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ТВ 21: Горан Грујевски имал уште еден идентитет – Владимир Варелов!

Горан Грујевски кој точно еден месец е во бегство и за кого е издадена меѓународна потерница имал уште еден идентитет – Владимир Варелов, објави ТВ 21, повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи.

Истите извори од полицијата за телевизијата велат дека и Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујевски кој од СЈО е обвинет во предметот Тврдина и Таргет.

МВР официјално не ги потврдува информациите.

Официјално велат дека во рамките на овластувањата и обврските ги преземаат сите мерки со цел лоцирање на Горан Грујевски и Никола Бошковски, и се прават проверки на повеќе локации во земјава. Но, со оглед на, како што велат од МВР, упатеноста на овие лица со можностите кои им стојат на располагање, потрагата е отежната.

поврзани објави

Последни објави