35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој ќе се овозможи бенифициран стаж за рударите

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе предложат закон со кој ќе се овозможи бенифициран стаж за рударите, најави на социјалните мрежи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска.

Таа им го честита Денот на рударите 28 август и им посака подобри и побезбедни услови за работа и повисоки плати.

Со сета почит кон вашиот труд и ризик кој го превземате во извршување на работата, како пратеници од ВМРО ДПМНЕ изготвивме и во вторник ќе го предложиме во Собранието на Република Македонија Законот за остварување право на пензија за работниците во рударството. Основна цел на овој Закон е воспоставување како единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе се овозможи правото на пензија да го остварите порано од останатите категории на работници, напиша Митовска.

На 28 август исто така се празнува и Голема Богородица која се смета за заштитник на рударите.

-Секој ден, нека Ве штити и чува Пресвета Богородица и во здравје и благосостојба да си дочекате спокојни пензионерски денови, напиша пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. 

поврзани објави

Последни објави