6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Хорор во Италија: Групно силувале девојка, а момчето го претепале

Туристка од Полска е брутално силувана од група момчиња, а нејзиниот сопруг е претепан на популарната плажа во градот Римини.

Четворица мажи повеќекратно ја силувале полската туристка рано утрото на скриен дел од плажата и го претепале и ограбиле нејзиниот партнер.

Од ударите во глава тој се онесвестил, наведуваат италијанските медиуми.

Минувачи повикале полиција кога на плажата ги воочиле двајцата 26-годишни туристи од Полска, како лежат во тешка состојба кои потоа се префрлени во болница.

Засега не е познато дали некој од осомничените е уапсен.

поврзани објави

Последни објави