6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Трамп прогласи вонредна состојба во Луизијана

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи денеска вонредна состојба во Луизијана откако поројните дождови предизвикани од тропската бура Харви ги погодија деловите на оваа американска сојузна држава.

Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на федералната Влада, посебно на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации, да ги координира напорите за давање помош, како и средствата од федерелниот буџет за помош на загрозените од поплави.

– Оваа акција ќе помогне да се намалат проблемите и страдањата, кои вонредната ситуација му ги причини на локалното население, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Бурата Харви претходно го погоди Тексас, а од поплавите најмногу е загрозен градот Хјустон.

поврзани објави

Последни објави