25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Осудениот болничар осомничен за уште 84 убиства

Германскиот болничар, кој пред две години е осуден на доживотен затвор поради убиство на двајца пациенти, сега е осомничен за уште најмалку 84 убиства, соопшти денеска полицијата.

Нилс Хегел (40) беше затворен во февруари 2015 година поради убиство на двајца пациенти на интензивна нега во болницата Делменхорст во близина на Бремен. Тој пациентите ги убивал со смртоносна инјекција.

Полицијата соопшти дека се врши ексхумација и анализа на други тела, како и дека досега се пронајдени докази за 84 убиства.

Доколку се потврдат сомнежите, Хегел ќе биде еден од најсмртоносните сериски убијци во Германија.

поврзани објави

Последни објави