1.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

ОБСЕ со писмо до Трамп: Не ги напаѓајте медиумите!

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, испрати писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, изразувајќи загриженост во врска со неодамнешните изјави на претседателот Доналд Трамп за медиумите. Притоа тој американските власти ги повика да се воздржат од напаѓање на медиумите.

На собирот во Феникс на 22 август Трамп ги обвини медиумите дека се “целосно несериозни”, “лажни”, “лоши”, “корумпирани” и “фабрикуваат приказни“.

поврзани објави

Последни објави