35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Основач на ВМРО – Штип: Вистинското ВМРО повторно ќе му направи чест на Тодор Александров

Со децении организирав панихида на легендарниот водач на ВМРО Тодор Александров и одеднаш се појавија квази и антички патриоти и почнаа паралелизам односно полека не отфрлаа без да имаме свештено лице. Во актуелниот момент дел од партиските свештеници вклучително и владиката во служба на некои квази – вмро не се сигурни за овој 31 август за панихидата затоа што од паралелните сега во Ново Село имаме реформатори. Ете гледате мои вистински патриоти дека на тие што пробале со дуализмот сега се враќа бумеранг кај самите нив. И знајте дека сега бидејќи немаат интерес половината и повеќе раководители со лева ориентација нема да дојдат на панихидата. Ете ние пак стандардно ќе си тераме како досега и ќе му оддадеме почит на ликот и делото на големиот револуционер кој се борел за Независна Македонија, нашиот Тодор Александров, па кој сака нека дојде а ќе не удостои и присуството на еден наш драг гост т.е пратеникот од Пловдив Александар Сиди. Можеби овие другите ќе го повикаат Ѕинго или Стевче Јакимовски како јаки патриоти. Поздрав и да живее вистинското и чисто ВМРО на чело со вистинскиот војвода Љубчо Георгиевски!

ФОТО

Зоран Костовски – еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, претседател на ОК на ВМРО НП во Штип и актуелен советник во Општина Штип.

поврзани објави

Последни објави