Колку само малку фали тоа што го очекувавме повеќе од една деценија, да пропадне во својот антипод, каков што го имавме во споменатиот период од кој сакаме што побргу да се оддалечиме и да го заборавиме. Зашто, клиентелизмот е опасна работа, тој продолжува да живее во нашата потсвест како порив за одмазда против тие што крадеа претходно.
Што е тоа што сакаме да го заборавиме: пониженоста од сиромаштијата, гладот, празниот џеб, нервозата, болестите, провинцијализмот и ароганцијата против нас.
А, од кај ни дојде таа чума која ни ги затвори устите, ни ги потемне лицата, ни ги обеле косите и ни ја преполови снагата? Тоа е последица на последната „бунга бунга“ што се играше последниве 11 години во одаите на сезнајниот, возвишениот, семоќниот и високопреподобниот, неприкосновен „Каваљере“, чија суета никој не смееше да ја засени, ниту неговите дарби да ги доведе во прашање.
Пирот почнуваше со вечерата на која се собираа мал круг трговци со човечки души, кои потоа се етаблираа во оној елитен 1%, во чии џебови се наоѓа најголемиот дел од македонското богатство.
По вечерата самите викаа: „ајде да правиме „бунга бунга“! Танцот почнуваше со лесно нишање на колковите, за набргу сите да се најдат голи и сите да се наптпреваруваат со своето тело, со своите вештини, својата душа да му ја подарат на „Каваљере“, да бидат што повеќе забележани од него во својата понизност и подготвеноста да го примат „стапот“ до коска, за да обезбедат место за себе, за својот брат, сестра, за своето дете. Ѓаволот, пак, во целата своја карикатуралност, го дига носот, цица крв и ги полни канцелариите. Кога тие ставуваат тесни, гради згради, урива амбиетнтални простори кои живеат во меморијата на старите градски жители, го ништи зеленилото, зашто нема однос кон него, ангажира градежни компании, чии сопственици се редовни гости на „бунга бунга“ забавите, примаат редовно големи исплати, уредниците на медиумите се напреваруваат во лигавењето и „топењето“ на телефонскиот повик на началнкот („…ало, началниче, хахахахах, ја знаев дека ќе почекаш да апсиш, ама ти почна одма, од понедленик, хахахах…“), сите се голи и неморални. Многумина јаки не додржаа да не влзат во вилата во Аркоре и да не се напијат од опојното вино. Сега сета таа „бунга бунга“ корне смрди. Сега стигнува реата на една ноќна опиеност, заблуда и кратковидост и повраќаниците од лошото вино. Сега се појавува црнилото на скапаното судство, на скапаните медиуми, на скапаните обвинители, среќни што барем краток период поминале во вилата во Аркоре и биле помазани од раката што дава, не прашувајќи се од кое чекмеџе ги вади парите!
Така се пумпаше Џини коефициентот, најрепрезентативниот во Еврпа: 1% богати 90 % сромашни, така науката веќе не е неука, економијата не е кономија, земјодлеството не е земјоделство, правото не е право, важно се играше “бунга бунга“.
Во раната фаза, кога проструија сомнежите за „бунга бунга“, „Каваљере“ велеше: „Јас за овие работи не знам ништо, немам поим што е тоа“. „Тој се обидуваше да ги протурка баханалиите како обични невини друштвени средби, на кои се рескажуваат вицови“, дека сето тоа што се шушка е заговор против големите реформи во кои само учесниците на „бунга бунгата“ веруваа, иако не ги чувствуваа и дека сето тоа што зборуваат злобните јазици е против ликот и делото на големиот гениј. Наместо на „вие“, учесниците во „бунгата“, на „Каваљере“ му се обраќаа на „ти“, можеби затоа што во нормален разговор не знаат да врзат два глагола. А тој уживаше во својата карикатуралност, меѓу бандата несреќни и несигурни личности, без квалитети и образование, изгубени во нејасната идеологија и поента меѓу антиката, Илинденците, Александров, Ќосето, Хунзите како модел за македонизмот (или македонизам како модел за „хунзизмот“, никогаш никому не му стана јасно!), Договорот со Бугарија, НАТО и ЕУ, еден општ хаос што се пренесе и на обичниот збунет граѓанин, од што произлегоа големи граѓански нетрпеливости. Омраза кон тие што не се од, или за ВМРО ДПМНЕ, полагање исклучително право на сопственост врз државата само на членовите на ВМРО ДПМНЕ, сатанизирање на тие што не се во членството или ученсици во „бунгата“.
Добивме судство со отворени очи (!), универзитети – вечерни школи, телевизии – гранпи што продаваат евтина турска алва и што лапаат огромни пари за својот танц во вилата во Аркоре, „бунга бунга“, болници од Калкута, народни кујни – контејнерите, хорор-породилници со 261 починато новороденче во 2016 година и опасност што се заканува дека земјава ќе ја снема.
Сега, тие се најдоа очи в очи и со правото, но и со природните закони – божјата казна, не можеш да ја избегнеш, па какви и итроштини да правиш, таа си доаѓа по своето! Сега, кога забавата заврши, сфаќаат колку е горчлив и одвратен лебот изеден во Вилата Сан Мартино. „Тие што глумеа шерифи, сега како којоти бегаат преку албанските планини“ (Бабановски). Митот доживува колапс. Сега тие лепешки, што се таложеа 11 години, ни лопатата на Прибе, ниту СЈО, ниту Хан, не можат бргу да ги очистат, се преправаат, се чипчат и се тресат од страв.
Е, ама времето се смени! Дојде уриетот! Ама, полека, не брзајте со аплаузите! Тоа е тежок период на секоја власт во кој на бајките треба да им се вдахне реална животворност.
Дали ќе се поставува нова софра во вилата во Аркоре. Дали ќе се регрутираат проститутки, која со диплома, која без диплома, која без конкурс. Ниедна партија, од осамостојувањето до денес, не е имуна на клиентелизмот, преќутно прифатен консензуално, со оправдување дека е наследен како систем. Тој што ќе ја прекине оваа „долга магарица“ ќе најде место во надежите на македонските страдалници. Шансата уште не е испуштена, со мали кадровски пропусти, за кои јавноста покажа загриженост. Стоте дена изминаа!
Пишува Бране Стефановски
Извор: www.branebunda.wordpress.com