7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Макар и „мали“ бодеме очи

Почитувани читатели на порталот Поглед – деновиве поради објавена анкета на нашиот портал со прашање – „Дали по втор пат ќе ја дадете вашата поддршка за Дарко Шехтански за Градоначалник на град Делчево“, на интернет се појави текст со НАСЛОВ – „На кого му пречи напредно Делчево со успешен Градоначалник“? и “Со право слугите – народњаци и нивните господари – комуњари во Делчево се плашат од името Шехтански“ во кој што текст, порталот Pogled.mk е квалификуван како про-комуњарски и про-нароњдачки портал кој пласира класични дезинформации и невистини и притоа во истиот е прикачена фотографија од анкетата на Pogled.mk која патем беше објавена и на локална ФБ страница Делчево Денес (Со цел што поголем број на Делчевчани да се вклучат во гласањето). Во истиот текст објавен од Кирчо Анастасов (лице вработено во Општина Делчево) на еден недоветен начин преку пласирање на дезинформации е направена јасна намера да се дискредитира работата и објективноста на самиот медиум. Имено, анкетата објавена на нашиот портал беше достапна за сите граѓани на социјалните мрежи кои по своја волја и желба сакале да гласаат за еден од понудените одговори (доказ за тоа е самиот резултат од анкетата кој е во прилог на самиот градоначалник) што јасно укажува секој оној кој што сакал да го искаже своето мислење, можел да гласа по негово сопствено убедување. Текстот содржи низа на неточности, невистини и шпекулации, кои не би ги коментирале од едноставна причина што е провидна намерата на авторот.

 

 

Поглед веќе осум месеци успешно опстојува на македонската медиумска сцена негувајќи уредувачка политика која дава простор и шанса на сите без разлика на нивната верска, национална и политичка припадност. Поглед бара од лицето Кирчо Анастасов и локалниот интернет портал DestinationDelcevo.com да го повлече текстот полн со невистини и шпекулации и јавно да се извини за лажењето дека Поглед фабрикува нарачани и лажни анкети како и за обвинувањата (преку фотографии од анкетата на порталот) дека медиумот “објавил или им кажува на граѓаните кој ќе биде иден градоначалник на Делчево, Берово, Кочани, Чешиново – Облешево, Пехчево или други. Доколку, тоа не го сторат, ќе биде поднесена тужба против нив. Сакаме да подвлечеме дека порталот Поглед.мк е единствениот десничарски портал во Македонија, не сме слуги на ниту една политичка партија а најмалку на Зоран Заев и неговата СДСМ.

 

Фото од Анкетата на Поглед на ФБ

поврзани објави

Последни објави