Фудбалерот на Арсенал Алекс Окслејд Чемберлејн одби трансфер во Челси, тврди Скај Спорт.
Челси беше спремен да издвои 40 милиони евра, понуда која ја прифати Арсенал, меѓутоа 24. годишниот Чемберлејн одлучи да не замине во клубот на “сините“ од Лондон. Главната причина за тоа што е тој има желба да игра во дресот на Ливерпул.
Не е тајна дека тимот на Ливерпул веќе некое време чека во редот за привлекување на Чемберлејн, но прашање е дали ќе успее во својата намера ако се земат во предвид заострените и лоши односи меѓу Ливерпул и Арсенал.
Од друга страна, ставот на Чемберлејн е јасен. Во Челси не сака да оди, а опција не е ниту останување во Арсенал кој му понуди 180. 000 фунти неделна плата во новиот договор. Договорот на фудбалерот со Арсенал истекува следното лето.