Во Ново село (Штип) беше одржана панахида во чест на големиот револуционер и водач на ВМРО, Тодор Александров. На денешен ден пред 93 години Тодор Александров го загуби својот живот во месноста Равна бука, крај село Сугарево во околината на градот Мелник.
Панахидата беше организирана од Иницијативен Комитет „Ново село“ и се одржа во црквата Св. Богородица, Ново село. Делегација на ВМРО НП предводена од претседателот на ОК на ВМРО НП од Штип Зоран Костовски положи свежо цвеќе пред плочата на Тодор Александров.
„Традиционално откако ја дигнавме плочата далечната 1992 година одржуваме панихида на учителот, водачот и светецот на нашиот народ. И оваа година имаше делегација од ВМРО-Народна партија која положи свежо цвеќе на плочата на големиот Тодор Александров“, вели Зоран Костовски – претседател на ОК на ВМРО НП од Штип.
