Порталот „Мактел“ објави фотографии според кои првиот човек на Советот на Општина Штип, д-р Влатко Миташев е поранешен член на Сојузот на Комунисти на Македонија. Од фотографиите станува јасно дека Миташев, освен што сакал да биде префрлен од едно партиско тело во друго, редовно ја плаќал својата членарина. Инаку интересен податок е дека таткото на д-р Миташев, Томо Миташев бил градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 1996-2000 г.


