6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Експлозијата во Северна Кореја 8 пати помоќна од таа во Хирошима во 1945 година

Магнитудата на потресот од најновиот нуклеарен тест во Северна Кореја е околу 5,8 степени по Рихтеровата скала, а експлозијата била речиси осумпати помоќна од таа во Хирошима, соопшти денеска геолошката организација НОРСАР.

Според нив, ако се суди по сеизмичките последици, моќноста на експлозијата во Северна Кореја била околу 120 килотони еквивалент на ТНТ. Атомската бомба фрлена врз Хирошима во август 1945 година била со моќност од 15 килотони.

НОРСАР анализира земјотреси и нуклеарни експлозии.

поврзани објави

Последни објави