Францускиот стратег во изјава за медиумите на Островот открива дека поради „лични причини“ бил во сериозни планови да се повлече од Арсенал.
Арсен Венгер призна дека размислувал да се повлече од тимот од Лондон и тоа поради „лични причини“, ова лето пред да потпише продолжување на соработката со Арсенал на уште две додатни години.
„Во Арсенал сум цели 20 години, се запрашувам дали е потребно се уште да го водам овој клуб. Минавме многу неуспешно во текот на минатата сезона…“ вели 67 годишниот Венгер кој ги преживеа критиките на негова адреса и ја продолжи соработката со клубот од Лондон на дополнителни две години.
Французинот откри дека имало интерес од ПСЖ за него, истовремено додаде дека Арсенал во обидот да го ангажира Томас Лемар, на Монако му понудил фантастични 92 милиони фунти.
„Се обидовме со 100 милиони евра да го ангажираме Лемар но фудбалерот сакаше да остане во Монако, ќе се вратиме по него, кога би морале да се разделите со фудбалер од врвна класа (Санчез), во тој случај морате да барате адекватна замена за него, во спротивно никој не би ја разбрал логиката на поинаква одлука од таа“ додава Венгер.
„Го сакав Мбапе исто така, но 180 милиони евра се премногу за нас, тоа е фудбалер кој прави голема разлика на теренот, немам никакви дилеми дека тој ќе биде новиот Пеле“ рече францускиот стратег.
Извор: 24Фудбал