Септември им ја потврди вистината која што 300 000 пензионери ја знаеа, а тоа е дека неспособната и расипничка Влада на СДС ги лаже и манипулира пензионерите. Оние пензионери кои отидоа во банка да ги подигнат своите пензиите видоа дека не само што СДС не им ги покачи пензиите, туку им го укина планираното и најавено покачување за 650 денари. Пензионерите се жртва на лагите на СДС и тие уште еднаш почуствуваа како е кога СДС управува со државата и државната каса, истакна денес Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Гочевски вели дека СДС на околу 300.000 пензионери им скрати 5500 денари годишно, кои ќе ги добиеја ако се спроведеше одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ и се преземеше планираното покачување во висина од 5%.
-СДС никогаш не се грижел за пензионерите. Владата на СДС во периодот 2002-2006 година им скрати на пензионерите 8%, пари кои никогаш не им беа вратени. ВМРО-ДПМЕН во 2008 со вонредно усогласување и вонредно обезбедување средства да ја надомести штетата која пензионерите ја претрпеа во времето на владеењето на СДС, истакнува Гочевски.
Тој додава дека пензионерите знаат како е кога СДС е на власт неможат да очекуваат ништо добро.
-Пензионерите знаат дека додека СДС беше на власт пензиите се исплаќаа во три различни термини, едните земаа на почетокот на месецот, втори на средината, а трети на крајот на месецот, група која често за исплата беше префрлана за наредниот месец. Пензионерите го знаат СДС по деструкција, кратење и безредие. СДС докажа дека ништо од тоа немаат сменето. Пензионерите повторно ќе бидат жртва на погубната политика на СДС и нејзината расипничка политика. Имено СДС во само три месеци колку се на власт ја задолжија државата за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 177 милиони евра, што вкупно е над 340 милиони евра, пари кои никој не знае кај завршиле, истакнува Гочевски.
Како што вели тој, СДС прокоцка 340 милиони евра само за три месеци, а нема пари за покачување на пензиите. Да почитувани граѓани 340 милиони евра потроши СДС без ние граѓаните да знаеме каде, како и за што, а притоа немаа пари за покачување на пензиите, што го зголемува стандардот на живеење на пензионерите, и им овозможува пристоен живот во третото доба од животот.
– Пензионерите можат да видат како работи СДС, а добро знаат како работи ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето владеење ја двојно ја покачи најниската пензија, додека просечната ја зголеми од 7.684 денари во 2006 година на 13.754 денари во 2016 година, што е зголемување за 79%. Пензионерите ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС и знаат кој работи за нивно добро, а кој на нивна штета. Затоа на 15 октомври пензионерите и сите граѓани на Република Македонија, ќе кажат не за деструктивната политика на СДС која ја носи државата кон општа стагнација, нагласува Гочевски.