13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Прилепчанец заработи 30 дневен притвор поради речиси 700 грама марихуана

Прилепчанецот Е.И. (27) во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода од страна на МВР поради   „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во бележникот на МВР се велде дека по претходно преземени оперативно тактички мерки и истражни дејствија и по добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога од ПС Прилеп извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. „Стибера“ во Прилеп.

При претресот биле пронајдени едно стебло со корен без листови и кеса наполнета со зеленкаста материја, кои биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.  Исто така, биле пронајдени врвовите од стеблото, кои пријавениот ги спакувал во безбојно полиетиленско пакување и ги закопал во непосредна близина на локалната депонија.  

По извршеното вештачење било утврдено дека пронајденото стебло е растение од родот „Канабис сатива“, а зеленкастата материја е наркотична дрога марихуана со маса од 689,4 грама. 


Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

поврзани објави

Последни објави