11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

Манасков кариерата ја продолжува во Тинекс Пролет

Младиот македонски ракометар, воедно и поранешен младински репрезентативец, Мартин Манасков го промени клубот, но не и градот.

Помладиот син на ракометната легенда, Пепи Манасков и понатаму ќе остане во Скопје откако потпиша за Тинекс Пролет каде што пристигна од екипата на Вардар Јуниор.

Манасков претходно има настапувано и за екипата на Металург. Во екипата на Тинекс Пролет ќе остане најмалку една сезона, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

 

поврзани објави

Последни објави