ВМРО-ДПМНЕ ја соопшти одлуката за уште 9 кандудати за градоначалници за претстојните локални избори.
Граѓаните за овие сто дена ја видоа разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДС. Граѓаните видоа што значи неспособност, лаги, понижување и хаос кои се единствените придобивки од тримесечното владеење на СДС. Граѓаните, од друга страна, знаат што значи програма и проекти кои се реализираат во нивна полза. Затоа граѓаните на 15-ти октомври ќе ја запрат деструктивната и неодговорна политика на Заев и ќе отпочне крајот на овој неспособен режим кој и економијата и институциите ги доведе на работ на колапс. ВМРО ДПМНЕ како и секогаш е на страна на народот. ВМРО ДПМНЕ како и секогаш политиките што ги води и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на граѓаните, истакна генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му ги предложи на Централниот комитет следниве кандидати за градоначалници:
За Прилеп, актуелниот градоначалник Марјан Ристески.
За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Тодоровски е угледен граѓанин, посветен на потребите и барањата на граѓаните, кои секогаш знаел да ги артикулира и да ги презентира како на локално ниво, така и пред целата македонска јавност.
За Демир Капија, Трајче Димитриев.градоначалник за чија успешност говори фактот дека неколку избори по ред ја ужива поддршкаат на граѓаните.
За Новаци Лазар Котевски, досегашниот градоначалник. Новаци ја издигна во редот на успешни оптштини во кога граѓанинот е на прво место. Инфраструктурно оваа општина може да се мери со многу други урбани, што говори за подигнатиот стандард на живеење на граѓаните.
За општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски успешен министер за транспорт и врски, поранешен државен секретар во министерството за надворешни работи и исклучително успешен директор на Агенција на државни патишта;
За општина Гостивар, Дафина Стојановска.
За Тетово, Горан Манојловски. Тие се актуелни пратеници во Собранието на Република Македонија.
За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов. Долгогодишен активист и градоначалник кој посветено работеше изминатиот мандат на реализација на својата програма од која реализираше проекти, од патната, водоводната, канализационата и комуналната инфраструктура на општината;
За Вевчани, Светомир Угриновски кој една од најмалите општини Вевчани, успеа да ја стави на мапата на најголеми туристички и културни дестинации на државата, за што придонес има неговата досегашна работа и посветеност на подигање на условите за живот.
-ВМРО-ДПМНЕ се водеше исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира. Сите кандидати уживаат углед, кредибилност и поддршка помеѓу граѓаните што е гаранција за напредок и реализација на бројни проекти во интерес на локалната заедница. Кандидатите кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ со својата посветеност, одговорност и темелност кон работата ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, унапредување на комуналните услуги, подигање на нивото на квалитет на инфраструктурата и континуиран просперитет на општините кои ги водат или ќе ги водат во период кој што доаѓа. Доказ за тоа се обемните програми кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации. Ние нудиме концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност. Ние за разлика од СДС не нудиме лаги и манипулации кои на крајот од секој мандат се паметат како нереализирани ветувања и празни зборови на хартија, истакна Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и на локално и на централно ниво секогаш потврдила дека тоа што го ветила, тоа и ќе го исполнила. Со локалните избори почнува падот на оваа неодговорна власт.