-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Која е Тереза Меј: Челична дама или британска Меркел

И двете жени важат за внимателни прагматичарки. Меркел е позната по тоа што за многу одлуки чека да се изгради консензус, и се определува за страната која има поголема шанса за успех.

Меј пак ја покажа својата сопствена тактика на трпение и изабра да биде на маргините на кампањата за референдумот за британското членување во ЕУ, останувајќи во средина и често неодлучна во своите излагања во јавноста.

Често се вели во јавноста дека кога Меркел мисли за одредено прашање не може да се знае до последниот момент, а можеби ниту тогаш. Изгледа дека Меј е слично неодлучна. И таа го чека својот момент“, рече Ханс Кундани, аналитичар од Лондон кој работи во Германскиот Маршалски Фонд.

ИЗГЛЕДА ВО НЕА ЈА ИМА ПОВЕЌЕ АНГЕЛА МЕРКЕЛ

меркел

Кундани вели дека сите сакаат да ја споредат политичарката со Маргарет Тачер, и дека Ангела Меркел, каде и да се појави, е споредувана со неа, а, по неговите зборови, Меркел е всушност анти – Тачерка.

Тачер е многу страствена, со јаки уверувања и цели за кои се борела. Беше политичарка која правеше поделеби, додека Меркел го прави сосема спротивното. За сега, судејќи по она што го знаеме за Тереза Меј е дека во неа ја има повеќе Ангела Меркел одошто Маргарет Тачер, рече Кундани.

Германските весници веднаш анализираа како Меј (59) би можела да воспостави работен однос со 61. годишната Меркел, германска лидерка од 2005. година.

ПО ШТО СЕ СЛИЧНИ МЕЈ И МЕРКЕЛ?

Фото Меј

Колку Меркелки се наоѓаат во госпоѓата Брегзит?

И двете израснале на сло во христијански фамилии, Меј во село близу Оксфорд
каде што нејзиниот татко беше свештеник на Англикански цркви, а Меркел во Темплин, северно од Берлин каде што нејзиниот татко

И двете лидерки сакаат да се опуштаат во кујната и да готват заедно со своите сопрузи кои упорно бегаат од фотоапаратите. Ни едната ни другата немаат деца. Додека Тачер беше позната по својата непопустливост.

Меј ги проведе последните шест години како Камеронова министерка за внатрешни работи, првите пет во коалиција со левичарската Либерално демократска партија. Меркел во два наврати владееше со своите левичарски ривали, при што цврсто ја крена својата конзервативна Христијанско – демократска унија (CDU) и ја помести кон центарот. Меј и Меркел меѓутоа заземаа драстично различен став околу прашањето кое крена најголема прашина во светот – прашањето за имиграцијата.

Меј за разлика од Меркел беше цврсто решена да се намали имиграцијата во Британија, иако предупредуваше дека миграцијата би можела да расте пред Британија да ја напушти и официјално Европската Унија.

Кај ова клучно прашање оние кои ги споредуваат Меј и Меркел едните ја бранат Меј, другите Меркел, во зависност од тоа дали го поддржува прифаќањето на бегалците во својата држава или не.

поврзани објави

Последни објави