-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Официјално соопштение на Тврдокорни

Во изминатите месеци меѓу поистакнатите македонски патриотски здруженија е здружението Тврдокорни. Во целиот период на делување здружението се соочува со надворешни и внатрешни удари со цел да ја напушти јасно изразената непартиска определеност. Нападите се како медиумски така и преку поединци кои не се откажале од партиските директиви или кои не можат да се одржат на барањата од партиските авторитети.
Во почетокот здружението има неколку неформални предводници (лидери).
Кон крајот на пролетта водечкиот неформален предводник се повлекува од здружението поради замор, додека второрангираниот привремено се повлекува поради семејна несреќа. Неформалното предводништво го превземаат нововлезените лица Д.У. и В.М. Од тој момент здружението почнува да го губи залетот. Со враќањето на второрангираниот предводник соосновач на здружението за враќање на силата на здружението, донесена е одлука за да има подобрена раководна ефикасност да биде и формално избрано ПРИВРЕМЕНО раководство додека членовите подобро се запознаат.
При изборот несебично им е отстапено на новите лица да бидат привремени вршители на должност Претседател и Потпретседател… со цел за зголемена динимика и ефикасност во работењето. Додека соосновачот прифаќа да биде Секретар.
Но од моментот на изборот на претседателите наместо динамика и зголемено работење, активностите целосно запираат. Целокупната работа на здружението замира. Околу 50 денови здружението е без никаков глас на постоење. Лесно може да се види од недостаток на било каква објава на фб страницата и блогот на здружението. И покрај укажувањата на одредени членови од Советот, намерно или ненамерно Претседателот и Потпретседателот не превземаат никакво дејство за здружението да се активира. Просто оставено е да пропадне.
Неколку членови предводени од Секретарот на своја рака повторно започнуваат со активности за здружението да биде вратено во живот. За да го даде својот придонес во овие времиња кога е крајно неопходно да се дејствува спротивставувајќи се на безумството во забеганата партиска политичка елита. Постапно беше поттикнато раздвижувањето. Но како што истото заживеа така и еден по еден 2те раководни лица се вратија и не сакаа да се откажат од старите функции.
Беа оставени на функциите но беше со гласање оформен и Совет од поистакнатите членови чии одлуки ќе мораат да ги извршуваат.
Наредните месеци врз основа на делувањето на сите членови здружението ја обнови својата сила и активност. Но низ целото време во постојана борба со партиската настроеност на претседателите и во борба со нивната тежнеење за осамостоено делување. Советот и останатите членови многу малку се известувани со кого и за што разговараат.
Во последниот период двајцата отворено почнуваат да не ги почитуваат одлуките на Советот. Иако Советот донесува одлука маршот од 2 Септември да биде посветен пред сѐ на двојазичноста и името, а болната тема за аболицијата на 2ri_Grozdober_citanje na odrodistiуставобранителите да биде само спореден предмет, тие на фб страната објавуваат „марш за аболиција“. После извршениот притисок ја сменуваат темата така како што се договоривме. За последните денови пред протестот и самиот протест повторно да се вратат на партиски зададената агенда за аболиција на уставобранителите како главен предмет. Врвот на целата безобразност е кога се дознава дека преговараат наредниот протест закажан за 13 Септември да биде организиран од МПЗ „Андон Ќосето“. При тоа за тие преговори воопшто не го известуваат Советот. Веќе и со отворени изјави дека нема да ги слушаат наредбите на „неспособниот“ Совет.
Секоја чест на браќата од здружението „Андон Ќосето“ од Велес но ние имаме една суштинска разлика. Тврдокорни е непартиско здружение и раководствата на двете водечки македонски партии ги сметаме за безумни и предавнички. Додека МПЗ „Андон Јанев Ќосето“ има официјална објава дека е „поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“. А не би било проблем доколку дојде до договор патриотските здруженија секое да ја превземе организацијата на одделен протест, проблемот е што одлуката се донесува без да биде прашан соодветниот орган.

Со оглед на тоа што и Претседателот и Потпретседателот се членови на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што работејќи самостојно сакаат да го злоупотребат здружението за сопствено докажување во партиските кругови, со оглед на постојаното поттикнување на поделби, со оглед на многу кочници за организациско развивање на здружението, со оглед на директното непочитување на сегашниот највисок орган Советот, Секретарот на здружението повика да се пристапи кон престанок на нивното привремено Претседателство и за во иднина да се избере ротирачко Претседателство. На овој предлог тие возвратија со негово исклучување. Што исто така е без одлука на Советот. Секој може да рече дека некого исклучува, но се знае кој е органот кој за тоа одлучува.

Во овој момент Претседателот и Потпретседателот чиј мандат е веќе изминат и еден или двајца неодлучни поддржувачи не контролираат ништо од здружението освен фејсбук страната. Сѐ останато е во рацете на Советот на здружението.

Свикан е проширен состанок на Советот на кој се надеваме ќе присуствуваат и двајцата за конечно да дадат отчет пред највисокиот орган.

Претседателот и Потпретседателот надвор од партија досега немале НИТУ ЕДНА друга позначајна патриотска активност. Ова им е прво патриотско делување во животот. Тие немаат никаков удел во идеологијата ниту во нешто од она кое се објавуваше од Тврдокорни на фејсбук, блогот, во соопштенијата и т н. Во идеологијата на Тврдокорни нивното учество е блиску до чиста нула.

Партискиот рак разви тешки метастази кои го убиваат македонското ткиво. Со тие метастази кои прват штета насекаде треба да се бориме во секој сектор од македонското живеење. А посебно и најтешка е неговата штета како и неговото отстранување од родољубните кругови.

viber image2

СЛИКАТА Е ПОСТАВЕНА ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НА ЛИЧНИОТ ФБ ПРОФИЛ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МПЗ ТВРДОКОРНИ

Оваа мала партиски сервилна група која го узурпира работењето на МПЗ Тврдокорни, бидејќи не го смени својот однос најверојатно ќе мора на следниот состанок со одлука од Советот и во согласност со членството да биде отстранета.

Македонија на Македонците!

 

поврзани објави

Последни објави