13.8 C
Skopje
понеделник, ноември 10, 2025

Барселона има два избора ако Каталонија стане независна

Референдумот за независност Каталонија наскоро ќе биде оддржан, а исходот од истиот може тотално да го промени фудбалот во Шпанија.

За независноста на Каталонија се зборува веќе со години, но сега оваа тема е во центарот на вниманието во Шпанија бидејќи наскоро ќе се одржи референдум. Секако, главното прашање, што се однесува до фудбалот, е што ќе се случува со екипите од Каталонија кои се натпреваруваат во шпанската Ла Лига, но и во пониските лиги. Сосем оправдано во центарот на вниманието е Барселона која покрај Реал Мадрид е сигурно најголемиот клуб во оваа земја.

Пред неколку години кога се потенцираше за темата за референдумот се говореше дека Барселона во случај на независност на Каталонија ќе ја промени лигата и ќе продолжи да се натпреварува во Франција. Меѓутоа, од тоа ништо нема да биде бидејќи е јасно дека Барселона има два избора ако Каталонија добие независност.

Првиот е дека ќе се формира нова лига во Каталонија, но во тој случај Барса би се натпреварувала со Еспањол и Хирона… Шпанските медиуми порачаа дека тоа никогаш нема да се случи бидејки такво сценарио нема да дозволи Ла Лига. Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас е свесен колку Шпанија може да изгуби со заминувањето на Барселона.

Иако се зборуваше дека Барселона и останатите клубови би биле експресно одбиени ако Каталонија стане независна тоа сепак нема да се случи. Имено, финансиската добивка на Ла Лига е преголема за да би се одрекле од великаните од Камп Ноу. Наводно, доколку Барса замине или не се натпреварува во Ла Лига оваа федерација би изгубила преку 100 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави