2.8 C
Skopje
Thursday, January 2, 2025

Сугарески: Нема да се градат кампови за бегалци и мигранти

Никакви кампови ниту станови за мигранти и бегалци нема да се градат во Македонија, истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговарајќи на новинарско прашање.

Според Сугарески, наводната изградба на станови и кампови за бегалци е манипулација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори.

– Се е во замислата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да направи манипулација со граѓаните, воедно со гласачкото тело за локалните избори и затоа се споменуваат некакви кампови и станови.Воопшто не станува збор да се градат ниту кампови, ниту станови. Тоа одговорно го тврдам како министер за транспорт и врски кој треба да ја познава темата. Ова е жестока манипулација на ВМРО-ДПМНЕ за да внесе страв меѓу населението, рече Сугарески, кој беше дел од владината делегација за чествување на делото на Блаже Конески во неговото родно село Небрегово.

поврзани објави

Последни објави