2.8 C
Skopje
Thursday, January 2, 2025

Обезбедени средства за експресниот пат Прилеп- Градско

Обезбедени се сите потребни средства, околу 70 милиони евра, за изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско. Сега се гради делницата од Фаришка до Дреновска кллисура, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше дел од владината делегација за чествување на делото на Блаже Конески во Небрегово.

– Пред десетина дена го потпишавме договорот со Европската унија за финансирање на вториот дел од експресниот пат, конкретно делницата од Градско до Дреново. Тоа е грант од 35,4 милиони евра преку ИПА-програмата. Избрана е градежната компанија која ќе ја гради делницата и очекувам до почетокот на ноември годинава да започнат градежните работи на оваа делница долга 15 километри, за што рокот е до 2019 година, рече Сугарески.

Како што потенцираше, моментно се работи на делницата од Фаришката до Дреновската клисура, која чини 31, 8 милиони евра. За третата фаза од Тројаци до Плетвар, вклучувајќи го и влезот во Прилеп, се обезбедени шест милиони евра грант од Европската Унија.

Сите три фази за изградбата на патот чинат околу 70 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави