7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Заев: Владата ги поддржува иницијативите за подигнување на стандардите во болниците

Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, денеска ја посети Градската општа болница „8 септеври“, која денеска го прослави својот патронен празник.

Премиерот во придружба на заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски присуствуваше на свеченоста, а имаше и куси разговори со раководството и стручниот персонал на болницата.

Во оваа прилика, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека Владата целосно ги поддржува иницијативите за подигнување на стандардите во болниците што се најавени од страна на стручниот и раководниот тим.

поврзани објави

Последни објави