10.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

Го претепаа судијата поради два пенали во продолжението од натпреварот

 

Светот на фудбалот секојдневно ни носи многу интересни моменти и ситуации. Речиси нема ден а на терените ширум светот да не се случи нешто кое ќе привлече внимание на цела јавност, а последниот таков пример пристигнува од Нигерија.

Дуелот на тамошното првенство помеѓу екипите на Нигер Торнадоес и Ифеани Уба заврши така што гостите го претепаа судијата на овој натпревар и тоа поради два досудени пенали во продолжението од натпреварот.

При резултат од 0:1 за гостите, судијата досуди два пенали за Нигер Торнадоес во продолжението на натпреварот, па домашниот тим стигна до победа.

Гостите со поразот не се помирија. Одлучија физички да се пресметаат со судијата, при што го претепаа на самиот терен.

Во тепачката се вмешаа домашните играчи, полицијата и обезбедувањето, па се заврши со навистина неверојатни сцени на самиот терен. Вака изгледаше целата ситуација..

поврзани објави

Последни објави