Тринаесет години заробени во сопсвениот дом. Вака живеат две сестри на возраст од околу четириесетина година во стан на улицата Димче Лахчански во Битола, кои мајката, по смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, објави Телма.
Мајката и ќерките живеат од скромна пензија, но со исклучена струја, често гладни и жедни. Од здрави, прави и високообразовани личности, двете сестри сега се оболени, приковани за кревет, живеат во нехигиенски услови, со рани по целото тело, а од станот се слушаат лелеци.