Некогашниот лидер во тимот на Ливерпул, историската фудбалска легенда Стивен Џерард за јавноста откри дека двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед му биле посебни ривали и истите ги гледал со омраза.
„Кога ќе излезете од тунелот кон теренот против фудбалери како Рио Фердинант и Гери Невил, ќе посакате да направите се’ што е во ваша моќ за да ги победите, постоеше омраза, не можам да негирам…“ открива Џерард.
„Од друга страна пак, кога ќе се најдете во селекцијата на Англија заедно со нив, ќе се однесувате како да ви се допаѓаат како личности, но нивните кариери завршуваат, исто и вашите, па пријателството почнува на вистински начин“ додаде Стивен Џерард кој во моментов соработува со Фердинанд заедно за „БТ Спорт“ како фудбалски експерти/аналитичари.