17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

(ФОТО) Ибрахимовиќ ја зеде 10-ката па испрати јасна порака до навивачите на Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ неодамна ги развесели фановите на Манчестер Јунајтед со информацијата дека останува на Олд Трафорд уште една сезона. Шведскиот интернационалец доби тешка повреда на коленото во април и се прогнозираше дека ќе ја заврши кариерата.

Сепак на крајот од летниот трансфер преоден рок, Јунајтед потврди дека Ибрахимовиќ останува во клубот. Потпишан е нов договор и Златан доби нов дрес. Во меѓувреме ново дојденецот Лукаку ја зема 9-ката на Ибра, а тој дури по ставањето на потпис се одлучи кој ќе биде новиот број.

Одлукат ападна на слободната 10-ка која ја остави Вејн Руни по заминувањето во Евертон.

Тој упати шеговит коментар на социјалните мрежи.

Никогаш не си зaминав, сaмо го унапредив брoјот” – им искометира тој на навивачите на својот Твитер профил.

Извор: www.sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави