17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Порака од ВМРОВЕЦ: Ќе честитам независност од срце кога УДБА ќе си ги собере куферите од државава

Историското ВМРО и неговите дејци, кои биле интелектуалци од највисоко ниво, даскали, поети, доктори, офицери, генерали се бореле за една заложба, слободна и независна држава Македонија, држава за сите кои се чувствуваат како Македонци и кои ја сакаат земјата.
Правеле сојузи и со револуционери Албанци за време на Охридско-Дебарското септемвриско востание кое патем на денешен ден е кренато,правеле сојузи со моќни држави, воделе политики за доброто на Македонија, правеле сојузи со комунисти-националисти.
ВМРО било страв и трепет во минатото, една од најмоќните организации во светот во 30-те години и од кои многу терористички групации учеле од нив за нивното дејствување.
Било толку моќно и супериорно што имало држава во држава во Пиринскиот дел, успешни атентати на политичари, противници, премиери.
Еден дури, велик и искрен човек развеа парола “ПРЕЗЬ ГОЛГОТА КЪМЪ НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ”.
Тоа беше врвот на ВМРО во борбата за независнот и слобода.

Денеска ВМРО е зафатено од рака пајташи, криминалци, поширока бизнис фамилија и братучеди, тендер деловни луѓе кои врска немаат од ВМРО и неговата идеологија, луѓе алчни за власт и моќ, без вера во нив, без националност чувство и љубов кон татковината.

Оние другите, што се на власт не сакам ни да ги коментирам. На власт доаѓаат само преку сценарија каде што ништо ново никогаш немаме видено од нив, само лажни лажни ветувања за поубав и розов свет, но само додека дојдат на власт, потоа доаѓа нивното познато комунистичко владеење, ситни лаги и превари, прелажан народ, додека тие во погорниот слој се трупаат со пари и имоти.

А уствари и едните и другите се иста школа, српска комунистичка школа, зависници од мислењето на Белград, вечниот наш сопкач кон независноста, слободата и просперитетот.

Честит ден на “независноста” моја Македонијо, предвреме ти го честитам бидејќи јалова е сета таа “независност”, кога сеуште внатре во себе зависиш од некој стар “познаник”
Ќе честитам независност од срце кога УДБА ќе си ги собере куферите од државава, а до тогаш со задоволство ќе бидам забеган ВМРОВЕЦ И БУГАРАШ.
ДА ЖИВЕЕ ВМРО И МАКЕДОНИЈА ????

 

Фб статус на Кларк кент(БАЖЕ БОШКОВСКИ

поврзани објави

Последни објави