12.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Дембеле само што пристигна, а веќе направи проблем во Барселона

Дембеле потпиша за Барселона ова лето за трансфер вреден 148 милиони евра

Младиот француски фудбалер во редовите на Камп Ноу стигна од Борусија, а во Барселона е доведен како замена за Бразилецот Нејмар, кој замина во ПСЖ.

Меѓутоа, Дембеле не тргна добро во Барселона. Шпанскиот весник Дон Балон тврди дека Французинот успеал да се скара со тренерот на Барселона Ернесто Валверде и Дембеле тренира одвоено од екипата.

Наводно, тренерот е незадоволен од она што францускиот фудбалер го покажува на тренингот. Не може да се вклопи во начинот на кој што тренираат и останатите играчи, па засега тренира одвоено од останатите играчи.

Сепак, и покрај тоа, Дембеле би требал да добие шанса за игра во текот на викендот. Иако тренерот е разочаран од неговите заложби на тренингот, Французинот ќе биде во екипата за градското дерби против Еспањол и веројатно ќе добие шанса за игра во самиот финиш на натпреварот.

Позицијата на Нејмар од прва минута ќе ја преземе Жерард Деуфлеу додека Дембеле ќе мора да тренира за да се избори за своето место, иако е платен 148 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави