-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Воени вежби на Јапонија и САД

Воени авиони на Јапонија и на САД денеска одржаа воздушна вежба над Источно Кинеско Море, соопштија воздушните одбранбени сили на Јапонија (АСДФ).

Во вежбата учествуваа два бомбардери Б-1Б на американското воено водухопловство, кои полетаа од Гвам, каде е лоцирана американската воздушна база на Пацификот, на кои им се придружија два јапонски борбени авиони од типот Ф-15.

Вежбата се случува додека Северна Кореја го слави Денот на државноста, а севернокорејските медиуми претходно објавија соопштение, со кое се повикува на зголемување на нуклеарното оружје во знак на протест поради меѓународните санкции.

поврзани објави

Последни објави