-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Камиловски: За да се задоволат партиските барања, Таравари постави доктори кои немаат адекватна специјализација за да менаџираат со Јавни здравствени установи

Докторот Виктор Камиловски на денешната трибина „Отворено со комисијата здравство на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека Владата на СДСМ во првите 100 дена ја задолжиле Република Македонија за 350 милиони евра, со кои пак можело да се купат најсовремени апарати за дијагностицирање на пациентите или да се реновираат болнички капацитети.

Дали со ова министерот Таравари си го дигна рејтингот па можеби одлучил да седне во градоначалничката фотелја, тоа е сепак негово право. Но, сепак она што се забележува е брзото поставување, час поскоро на директорите, на функционерите од нивните партии иако во стартот беше најавувано дека тоа нема да бидат партиски луѓе, туку ќе бидат професионалци, истакна Камиловски.

Според него, за да се задоволат партиските барања биле поставени доктори кои ја немаат адекватната специјализација за да можат да ги менаџираат Јавните здравствени установи.

-Веднаш по седнувањето на министерското столче кажа дека лекарите ќе имаат плата од 100.000 денари. Она што е важно како интелектуалци и како доктори, треба да знаеме дека работите треба да се покажуваат во правилно светло, односно да се изговараат со вистинското име, а не со манипулативна политика каде што своите грешки партијата СДС, односно ресорниот министер Таравари сака да ги трансформира вредности и личен успех, посочи Камиловски.

Вели дека она што тој го забележал е концентрацијата на лошите кадровски решенија кои што за жал не покажаа некаков резултат во овие 100 дена.

поврзани објави

Последни објави