Собранието на Република Македонија, денес со 77 гласови „ЗА“ и без ниту еден „против“ или воздржан, ги усвои измените во Изборниот законик. Со претходно постигнат договор меѓу политичките партии, во составот на членството на ДИК, на местото на членот од ДПА, Бедредин Ибраими, ќе седне член од движењето БЕСА.
Ибраими е обвинет во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности, а на негово место од партијата БЕСА, со најголеми шанси е адвокатката Ермира Асани Салија, инаку член на Централниот одбор на БЕСА.
Изборниот законик беше изменет по барање на БЕСА со цел да биде претставувана во ДИК, а договор беше постигнат помеѓу сите политички партии.