11.8 C
Skopje
Sunday, June 15, 2025

Поранешниот бугарофил Милошоски повторно го „чепна“ Димитров за договорот со Бугарија

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров на денешната седница по точката за поднесената интерпелација од страна на опозицијата рече дека додека тој е министер за надворешни работи државата ќе води зрела надворешна политика, нема да бега од проблеми туку ќе ги решава.

-Ме доведувате во ситуација да се бранам поради успесите на Македонија во надворешната политика, поради тоа што ги поправам односите кои вие ги расипавте, јас сакам вие да сте задоволни, но доколку цената за тоа е неуспешна Македонија која нема пријатели и перспектива тогаш е подобро да не сте задоволни, рече Димитров.

Тој вели дека изненадува тоа што интерпелацијата е поднесена пред навршување на 100 дена од Влада поточно на 71 ден откако ја презеде функцијата министер за надворешни работи. Димитров претходно на 34 ден од неговото назначување на покана на претседателот за надворешна политика реферираше за работа на министерството во првите 30 дена.

-Ваквата возбуда кај подносителите е разбирлива бидејќи сепак после многу години стагнација и назадување вратите се отвараат и нешто ново и позитивно се случува за Република Македонија, нешто што конечно отвара нови можности и реални перспективи за една поинаква европска иднина.

За 100 дена во период на летни одмори остварив 27 посети во странство, бев во соседството, Германија, Австрија, Холандија Белгија, Шведска, Финска и Данска, се сретнав со колегите од Франција и Италија. За 100 дена имав средби со 37 министри за надворешни работи и над стотина други странски претставници, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи изјави дека неговата лична идеологија е државниот интерес на Република и дека е овде само затоа што почувствувал дека Македонија оди во бездна.

поврзани објави

     

Последни објави