Барселона ова лето долго бараше замена за Нејмар, а конечно, после доста маки, ја пронајде во Борусија Дортмунд. Младиот Дембеле ја засили Барса од надокнада од 105 милиони евра, плус додатни 45 милиони евра бонус.
Освен Борусија добро се „опари“ и Ренес, клубот од кој Дембеле стигна во екипата на Милионерите. Имено, тие ќе станат побогати за 20 милиони евра.
Сепак, Ренес не е единствениот француски клуб кој имаше корист од трансферот на Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона. Имено, одреден процент им припаѓа на клубот од малото градче Evreuxa.
Имено, Evreux FC, клуб од истоимениот град сместен во Нормандија ќе добие милион евра од трансферот на Дембеле. На овој клуб му припадна еден мал дел од астрономскиот трансфер поради фактот што Дембеле ја промени државата во која ќе настапи.
Оваа финансиска инекција претставуваше вистински шок за малиот клуб Evreux, како клуб, но и како град.
Имено, овој клуб има годишен буџет од 60. 000 евра, а неговиот најголем финансиер е самиот град. Сите сакаат дел од колачот кој е даден за трансферот на Дембеле, па до кавга дојде меѓу градоначалникот на Evreuxa Гуј Лефранд и претседател на клубот Филип Монгревил. До конфликт дојде поради тоа што Монгревил смета дека парите му припаѓаат на клубот, додека градоначалникот ги сака парите за да може да ги искористи за намалување на финансискиот дефицит во кој што се најде градот во текот на минатата година.