14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

Општина Центар дел од акцијата за дарување на крв и храна организирана од САД и Црвениот Крст

Петнаесетта година по ред Амбасадата на Соединетите Американски Држави го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање.

И годинава амбасадата на САД и Црвениот Крст на Град Скопје, преку добротворни акции организира настан како почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичкиот напад во Њујорк на 11.9.2001 година.

На настанот за хуманоста говореше амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Џес Бејли и секретарот на Црвениот Крст.

На настанот, чија цел е да се зближат луѓето од сите заедници без разлика на политички и религиозни убедувања, присуствуваа и личности од политичкиот и јавен живот на Република Македонија, амбасадори и сите оние кои имаа една заедничка цел да се помогне, да се дополнат резервите на Црвен Крст и да се обезбеди храна за загрозените семејства, се вели во соопштението на Општина Центар.

поврзани објави

     

Последни објави