8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Започна поднесувањето кандидатски листи за Локалните избори – РОКОТ за доставување завршува на 14 септември

На два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатски листи за Локалните избори 2017, до општинските изборни комисии почнале да пристигнуваат независни кандидатури за градоначалници и листи на кандидати за советници од група избирачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Политичките партии се уште не поднеле кандидатури за градоначалници и листи за советници, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

Партиите веќе јавно ги соопштија поголем дел од кандидатите за градоначалници за претстојните избори закажани за 15 октомври.

Рокот за поднесување листи на кандидати до општинските изборни комисии завршува на 14 септември на полноќ.

Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје во над 3.400 избирачки места.

поврзани објави

Последни објави