Душко Илиевски, во јавноста познат како Млекарот, вели дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, му доставил опомена пред тужба со која бара да се извини за статус кој го напишал на социјалната мрежа фејсбук, или во спротивно ќе му поднесе тужба за клевета и навреда.
Како што се наведува во опомента, Кирацовски бил навреден од тврдењето на Илиевски дека наводно нечесно се збогатил, па градел хациенда и купил автомобил, односно бил претставен како криминалец.
Кирацовски тврди дека тој своите пари ги стекнал чесно и на легален начин.