СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Орце Ѓеоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лажните вести остануваат очајна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата не може да го сокрие стравот од извесниот пораз на локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што институциите повеќе не функционираат како продолжена рака на Никола Груевски и што конечно се враќа правдата и секој оној кој направил каков било криминал ќе мора да одговара за своите постапки.
Заврши времето кога Министерството за внатрешни работи функционираше како МВРО-ВМРО.
Државните институции се реформирани и ослободени од стегите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата работи во служба на законите и во заштита на граѓаните и нивните права.
Локалните избори ќе бидат фер, слободни и регуларни и на нив граѓаните ќе изберат чесна понуда на програми и кандидати на СДСМ наместо досегашните крадоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.