19.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

ВМРО ДПМНЕ реагира на “грубите прекршувања на процедурите за донесување на Законот за двојазичност

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Кoлицијата „За подобра Македонија“, остро регираше на како што вели, „грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за двојазичност и за двојазична федерализација, кој што денеска парламентарното тенко мнозинство на чело со Талат Џафери, спротивно на огормен број деловнички одредби во деловникот за работа на Собранието се обидува да го протурка спротивно на праксата и спротивно на регулативите“.

„Прекршен е член 118 став 4, кој што предвидува дека со одлука за основање на работните тела и анкетните комисии се утврдува делокругот  и бројот на членовите на комисиите. Ние имаме одлука со која што како деловник и надлежност на Комисијата за политички систем  и односи меѓу заедниците, меѓу другото е предвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците. Оваа Комисија од страна на Џафери не беше прогласена за матична комисија, иако одлуката и Деловникот наложуваат дека тикму оваа комисија да биде матична комисија, спротивно на оваа одлука и споротивно на Деловникот за работа на Собранието, матична комисија беше прогласена Комисијата за европски прашања, која што никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика“, изјави Димовски.

Според него, прекршен е и член 135 став 4 , кој што предвидува дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.

„Во воведот на овој предлог закон не постои изворен акт, не е наведен изворен акт на ЕУ со полн назив, број и таму поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои, но значајно е што во членот 135 со ова прашања и со неколку други прашања се регулира комплетноста на поднесокот на предлог закон во процедура на Собрание. Значи ова е неопходен услов за да може да се смета дека законот е комплетен и во согласност со Деловник за понатамошна постапка, затоа членот 136 кој што е исто така пркршен, предвидува дека ако предлог на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, а видовме дека не е според член 135 став 4. Според законот за нас колегата Џафери пред да го достави до пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој деловник, што не е направено. Значи нема никакво барање од страна на Џафери до Владата и до Министерството за правда за усогласување со одредбите на овој деловник“, вели тој.

Според Димовски, ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена, што не е направено, се смета дека предлогот на законот не е поднесен.  „Со овој закон очигледно е дека се прекршува и на некој начин се поништува Охридскиот рамковен договор. Ние бараме овој закон целосно да се усогласи со Уставот и со Охридскиот рамковен договор. Второ, бараме да се отстранат ситепроцедурални прекршувања кои што се направени свесно. За да може Собранието во една нормална атмосфера, нормална состојба и широка состојба да расправа за прашањата поврзани со овој закон“, додава тој.

поврзани објави

     

Последни објави