12.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

Димитров доби подарок велосипед од Матијс ван дер Плас

Генералниот директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас по денешната средба со министерот за надворешни работи на Македонија на македонскиот министер му подари типичен холандски велосипед.

Во септември Европа ја одбележува неделата на мобилност, а со овој гест Димитров и Ван дер Плас испраќаат порака за подобрување на безбедноста и условите за возење велосипед во Скопје и останатите градови во Македонија.

Кралството Холандија и Македонија континуирано разменуваат искуства на ова поле, благодарение на традиционално богатата велосипедска култура во Холандија. Преку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае врз обезбедување на почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија преку својот пример и директна поддршка ќе продолжат да се залагаат за враќање на вело-културата во Македонија.

Фото

поврзани објави

Последни објави