10.8 C
Skopje
Tuesday, October 29, 2024

Романски опозициски пратеник започнува штрајк со глад

Пратеникот од редовите на романската опозициска Национална либерална партија (ПЛН), Флорин Роман најави дека од утре ќе почне со штрајк со глад, во знак на протест поради тоа што не се доделени средства за изградба на еден историски споменик.

Роман најави дека ќе постави столица во холот пред пленарната сала на Долниот дом на романскиот Парламнет, на која ќе седи и ќе штрајкува со глад.

Роман првично планирал да штрајкува со глад пред вратата на Кабинетот на претседателот на Долниот дом, но тоа не му било дозволено од страна на раководството на Парламентот, па затоа решил протестот да го организра пред пленарната сала.

поврзани објави

Последни објави