11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Ристовска: Бараме замрзнување на имотот на партијата за да го заштитиме од отуѓување бидејќи веќе беше ставен под хипотека

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска денеска изјави дека е одбиено барањето на СЈО до Врховниот суд за заштита на законитост против одлуката на кривичниот суд каде што беше одбиено замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“. Таа кажа дека главен аргумент на СЈО за замрзнување на имотот е дека веќе еднаш во 2016 година, имотот бил ставен под хипотека кај една од комерцијалните банки.

„Замрзнувањето на имотот е само привремено. Со тоа само би се ставила забрана раководните лица да не можат го отуѓуваат имотот и да нанесат дополнителна штета на политичката партија. Ако ја земаме политичката партија како правен субјект, она што го преземаме ние е во заштита на партијата“, рече Ристоска.

Ристовска кажа дека истрагата за случајот „Талир“ продолжува, но не соопшти нови детали.

Првоосомничен во случајот „Талир“ е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а осомничени се и пратениците Илија Димовски, Даниела Рангелова и екс-премиерот Емил Димитриев, генералните партиски секретари Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, шефовите на центарот на комуникации Александар Бичиклиски и Иво Котевски.

поврзани објави

Последни објави