8.8 C
Skopje
Tuesday, October 29, 2024

Кузмановска: Утре владата на СДСМ ќе ја задолжи државата за нови 60 милиони евра

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека расте долгот на државата и дека владата одново ќе се задолжи со нови 60 милиони евра.

– Утре е вторник и владата на СДС ќе ја задолжи државата за нови 60 милиони со што бројката од 350 милиони ќе се искачи на 410 милиони евра долг креиран за 110 дена владеење. Од овие пари граѓаните не гледаат никаков бенефит ниту знаат каде тие завршуваат. СДС ја задолжуваат државата над 410 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови, рече Кузмановска.

Таа изјави дека СДСМ безмилосно ги троши парите на граѓаните, а нема реализирано или започнато ниту еден проект.

– Каде одат овие пари, кога се знае дека сите развојни проекти се стопирани, дали овие пари ќе се употребат за корумпирање на гласачи во пресрет на локалните избори? СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење, рече Кузмановска.

поврзани објави

Последни објави