12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Роналдо: Не си одиме на гости еден на друг и не вечераме заедно, но добар сум со Меси

 

Повикувајќи се на Дон Балон, Кристијано Роналдо опсесивно е насочен и оваа година на индивидуално ниво да го победи Лионел Меси, иако на почетокот на сезоната во Шпанија е во голем застој од Аргентинецот.

Пет натпревари казни го одвои Португалецот од теренот, а и Реал е во подредена положба во однос на Барселона. Сепак, многу мислења и покрај големото ривалство на двата фудбалери, откако станаа татко, се дека имаат подобри меѓусебни односи. Се споменува дека синот на Роналдо е голем фан на Лионел Меси

Кога и да се видиме со Меси имаме добри односи. Не е тоа дека ние сега си одиме еден на друг во куќата или на вечери. Не ми е пријател, но го доживувам како другар по професија, а не ривал. Воопшто не сакам споредби, иако сето тоа е дел од работата и фудбалскиот свет. Сакам да гледам добри фудбалери, а Меси е еден од нив, рече Роналдо.

поврзани објави

     

Последни објави