14.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Повредата на Дембеле ќе донесе и една добра вест за Барселона!

spot_img

Новиот фудбалер на Барселона Дембеле немаше баш среќа на својот почеток во каталонскиот клуб. Тој доживеа тешка повреда поради која ќе отсуствува четири месеци надвор од терените.

Младиот Французин се повреди на саботниот натпревар против Гетаффе, а помалку неверојатно звучи информацијата дека неговото неколкумесечно отсуство носи и една позитивна вест за Барселона.

Дембеле ова лето пристигна во Барселона за 105 милиони евра, со можност Каталонците да доплатат на Борусија Дортмунд додатни 40 милиони евра и тоа поради многубројни клаузули кои се наоѓаат во договорот. Една од нив се однесува и на настапите на Дембеле во премиерната сезона, а по неа Барселона би морала да му плати на Дортмунд додатни десет милиони евра доколку овој 20 годишен играч настапи на 50 натпревари. Земајќи ги ја во предвид ново настанатата состојба поради која тој ќе отсуствува четири месеци од терените, невозможно е тој да одигра толку натпревари за Барселона во текот на оваа сезона, па тие десет милиони евра (непланирано) ќе останат во касата на каталонскиот клуб. Дембеле поради повреда на левата нога мораше да го напушти натпреварот против Гетафе после само 25 минути поминати на теренот.

поврзани објави

         

Последни објави