-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

Почна “војната“ – кој е главен? Нејмар се однесува како дете спрема Кавани (ВИДЕО)

Сега е дефинитивно јасно – Нејмар и Единсон Кавани не се во добри односи.

Соиграчите од ПСЖ синоќа имаа несекојдневна пресметка кога требаше да се изведе единаесетерец против Лион. Нејмар сакаше да биде тој кој што ќе го изведе слободниот удар, но Кавани не му ја даде топката, со што јасно му даде до знаење на Бразилецот кој уште е главен во овој клуб.

Кавани го промаши слободниот удар, а во тој момент најверојатно немаше посреќна личност од Нејмар, кој од своето доаѓање во ПСЖ има постигнато пет голови. Ден после натпреварот против Лион, Кавани и Нејмар својата мала “војна“ ја продолжија и на социјалните мрежи. Имено, Бразилецот се одлучи да му се одмазди па на Инстаграм го тргна Кавани од листата на личности кои ги следи, но уште не доби “повратен unfollow“ од Уругваецот. Медиумите шпекулираат дека Нејмар престанал да го следи Кавани поради синоќешната пресметка на теренот, додека некои сметаат дека уругвајскиот напаѓач е премногу “досаден“ поради се позачестените објави на социјалните мрежи. Интересно е тоа што Нејмар од своето доаѓање во ПСЖ објави многу фотографии со нови соиграчи, претежно од теренот и од соблекувалната, но на ниту една го нема Едисон Кавани.

поврзани објави

Последни објави